Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 73:16-26

Псалми 73:16-26 MK2006

И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене, сѐ додека не влегов во Божјото све­тилиште и не го разбрав нивниот крај. Навистина, си ги поставил на лизгаво место, на пропаст ги соборуваш! Како пропаднаа, како ненадејно ис­чезнаа и загинаа однесени од ужасот! Како што човек го презира сонот кога ќе се разбуди, така, Ти, Господи, ќе ги презреш нив, кога ќе се разбудат! Кога душата ми беше огорчена, кога се јадосував однатре, безумен бев и не разбирав, како добиче бев пред Тебе. Но јас сум секогаш со Тебе: Ти ми ја придржуваш десницата моја, ме водиш со советот Свој и ќе ме примиш во Твојата слава. Кого Го имам јас на небото освен Тебе? А кога сум со Тебе на земјата ништо друго не барам. Може да изнемошти срцето мое и телото мое; но Бог е сила на срцето мое и наследството мое.