Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 69:19-36

Псалми 69:19-36 MK2006

Зашто Ти го знаеш мојот подбив, мојот срам и моето засрамување: познати Ти се сите мои непријатели. Навредите ми го скршија срцето, очаен сум, очекувајќи некој да ми се сожали, но го немаше, и да ме утеши некој; но не го најдов. И ми дадоа жолчка да јадам и кога зажеднев – со оцет ме напоија. Трпезата нивна нека им биде примка, гоштевањето – стапица; да им се помрачат очите, та да не гледаат, и бедрата нивни ослаби ги засе­когаш; излиј го врз нив гневот Свој, и јароста на Твојот гнев нека ги обземе; домовите да им ги запустиш, и во шаторите нивни да не остане никој жив; зашто оној кого Ти го порази, тие го гонат, и со тоа ги умножија болките од раните мои. Притури вина врз вината нивна, за да не добијат прошка од Тебе. Нека бидат избришани од книгата на живите и да не бидат запишани меѓу праведните. Јас, пак, сум беден и страдам; нека дојде од Тебе, Боже, спасението за мене! Ќе го славам името на мојот Бог со песна, ќе го возвеличувам во благодарност, и тоа ќе Му биде поугодно на Гос­под, отколку теле или јунец со рогови и со копита. Нека го видат тоа оние што стра­даат и нека се зарадуваат. Нека ви жив­нат срцата вам, кои Го барате Бога, зашто Господ ги услишува сиромасите и не ги презира затворениците Свои. Нека Го слават небесата и земјата, морето и сѐ што живее во него; зашто Бог ќе го спаси Сион, ќе се изградат градови во Јудеја, и таму ќе ги наследат; и ќе се веселат таму оние што го сакаат името Негово.