Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 69:13-21

Псалми 69:13-21 MK2006

Јас, пак, молитвата моја ја упатувам кон Тебе, Господи; во благопријатно време, Боже, со големата Своја милост услиши ме заради вистината на спасението од Тебе; изведи ме од калта за да не пото­нам; да се избавам од оние, кои ме мразат, а и од длабоките води; за да не ме потопи водниот вртеж, и длабината да не ме проголта, да не ја затвори над мене бездната својата уста. Услиши ме, Господи, зашто блага е Твојата милост; поради големата Твоја милосрдност погледај ме; не одвраќај го лицето Свое од слугата Твој, зашто сум потиштен; услиши ме брзо; наклони се кон душата моја и иску­пи ја; поради моите непријатели, спаси ме. Зашто Ти го знаеш мојот подбив, мојот срам и моето засрамување: познати Ти се сите мои непријатели. Навредите ми го скршија срцето, очаен сум, очекувајќи некој да ми се сожали, но го немаше, и да ме утеши некој; но не го најдов. И ми дадоа жолчка да јадам и кога зажеднев – со оцет ме напоија.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 69:13-21