Јас, пак, молитвата моја ја упатувам кон Тебе, Господи; во благопријатно време, Боже, со големата Своја милост услиши ме заради вистината на спасението од Тебе; изведи ме од калта за да не потонам; да се избавам од оние, кои ме мразат, а и од длабоките води; за да не ме потопи водниот вртеж, и длабината да не ме проголта, да не ја затвори над мене бездната својата уста. Услиши ме, Господи, зашто блага е Твојата милост; поради големата Твоја милосрдност погледај ме; не одвраќај го лицето Свое од слугата Твој, зашто сум потиштен; услиши ме брзо; наклони се кон душата моја и искупи ја; поради моите непријатели, спаси ме.
Прочитај Псалми 69
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 69:13-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа