Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 69:1-18

Псалми 69:1-18 MK2006

Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до гушата моја! Потонав во длабока тиња, каде што нема дно; влегов во морска длабочина и бура ме потопи. Изнемоштев од викање; засипна грлото мое; попуштија очите мои, че­кајќи Го мојот Бог. Оние, што ме мразат без причина, се намножија повеќе од косата на главата моја: непријателите мои, кои ме гонат неправедно, се засилија; она што не сум го зел, бараат да го вратам! Боже, Ти го знаеш моето безумие, и гревовите мои не се сокриени од Тебе. Да не се посрамат поради мене сите оние, што се надеваат на Тебе, Господи, Боже на силите. Да не се посрамат поради мене оние, кои Те бараат, Боже Израелов, зашто заради Тебе поднесувам исмејување, и срам го обзеде лицето мое. Туѓ станав за браќата свои, туѓинец за синовите на мајка ми моја. Бидејќи ревноста за Твојот дом ме изеде, и навредите на оние што Те хулат, паѓаат врз мене; и постам со душата своја, но и тоа ми го земаат за зло. Место облека облекувам вреќа; и со тоа им станав за приказ; против мене зборуваат оние што се­дат пред портите и пијаниците пеат за мене. Јас, пак, молитвата моја ја упатувам кон Тебе, Господи; во благопријатно време, Боже, со големата Своја милост услиши ме заради вистината на спасението од Тебе; изведи ме од калта за да не пото­нам; да се избавам од оние, кои ме мразат, а и од длабоките води; за да не ме потопи водниот вртеж, и длабината да не ме проголта, да не ја затвори над мене бездната својата уста. Услиши ме, Господи, зашто блага е Твојата милост; поради големата Твоја милосрдност погледај ме; не одвраќај го лицето Свое од слугата Твој, зашто сум потиштен; услиши ме брзо; наклони се кон душата моја и иску­пи ја; поради моите непријатели, спаси ме.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност