Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 63:1-11

Псалми 63:1-11 MK2006

Боже, Ти си мојот Бог, Тебе Те ба­рам; за Тебе зажедне душата моја. За Тебе копнее телото мое како земја пуста, неплодна и безводна! И така со поглед Те барав во свети­лиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава. Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ќе Те фали. Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои. Како со маст и масло се наситува душата моја, и со радосен глас ќе те фали устата моја. Кога ќе се сетам за Тебе во постелата моја, во ноќните часови за Тебе размислувам, зашто Ти си ми помошник и под сенката на Твоите крилја Ти пеам. Кон Тебе се прилепува душата моја, Твојата десница ме поддржува. А оние кои сакаат да ме лишат од мојот живот, ќе слезат во длабочина­та на земјата. Ќе бидат предадени на силата на мечот; ќе станат плен на чакалите. А царот ќе се зарадува во Бога, и секој ќе се фали, кој во Него се колне, бидејќи ќе замолкне устата на лажлив­ците.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 63:1-11