Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 6:1-10

Псалми 6:1-10 MK2006

Господи, не карај ме во јароста Своја и не казнувај ме во гневот Свој. Смилувај се на мене, Господи, би­дејќи сум немоќен; исцели ме, Господи, зашто коските ми се тресат; и душата ми е потресена. А Ти, Гос­поди до кога? Врати се, Господи, избави ја душата моја, спаси ме поради милоста Своја, бидејќи мртвите не Те спомнуваат Тебе; во пеколот кој ќе Те слави Тебе? Се уморив воздивнувајќи; секоја ноќ го навлажнувам леглото мое, со солзи свои ја натопувам постелата моја. Од скрб ми се помрачи окото мое, ми ослабе поради сите мои непријатели. Отстапете од мене сите вие, кои вр­шите неправда, зашто Господ го услиша гласот на мојот плач. Господ ја услиша молбата моја, Господ ја прими молитвата моја. Ќе се посрамат и уплашат сите мои непријатели; ќе се повлечат и веднаш ќе се засрамат.