Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 51:11-19

Псалми 51:11-19 MK2006

Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене. Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене. Тогаш ќе ги научам престапниците да одат по Твоите патишта, и греш­ниците кон Тебе ќе се обраќаат. Ослободи ме од пролеаната крв, Боже, Боже на моето спасение, и јази­кот мој ќе пее за Твоето избавување! Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја; зашто, жртви не ти се мили, кога би ти принел сепаленици, Ти не би ги при­мил. Жртвата пред Бога е срушен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш. Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, обнови ги ѕидовите ерусалимски. Тогаш ќе Ти бидат угодни жрт­вите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 51:11-19

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност