Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 50:11-23

Псалми 50:11-23 MK2006

Ги познавам сите птици небески, и убавината на полињата е пред Мене, ако огладнам, нема да ти кажам тебе, зашто Моја е вселената и сѐ што ја исполнува. Зар Јас јадам јунешко месо и пијам крв јарешка? Принеси Му на Бога благодар­ствена жртва и исполнувај ги своите завети пред Севишниот. И повикај Ме во тежок ден; Јас ќе те избавам, а ти ќе Ме прославиш.“ А на грешникот Бог му вели: „Зошто напамет ги кажуваш Моите одредби и со уста го спомнуваш Мојот за­вет?“ А самиот ја мразиш поуката Моја и зад грб ги фрлаш зборовите Мои? Кога ќе видиш крадец, се збли­жуваш со него и со прељубници се дру­жиш; устата твоја е полна со злоба, и јазикот твој измами плете; седиш и го клеветиш братот свој, синот на својата мајка го озборуваш. Ти го изврши тоа, а Јас молчев; ти си помисли дека Јас сум, каков што си ти. Ќе те изобличам и ќе ти ги изнесам пред лицето твое. Разберете го ова вие, кои Го заборавате Бога, за да не ве раскине, па тогаш ќе нема избавител. Кој принесува жртва благодарствена, тој Ме прославува, и кој го следи Мојот пат, нему ќе му го сооп­штам Божјото спасение.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност