Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 5:1-12

Псалми 5:1-12 MK2006

Чуј ги, Господи, зборовите мои, раз­бери ги воздишките мои. Чуј го гласот на мојот повик, Царе мој и Боже Мој, зашто Тебе Ти се мо­лам! Наутро го слушаш гласот мој, наутро застанувам пред Тебе и чекам. Зашто Ти си Бог, Кој не сака беззаконија; за лошиот нема место кај тебе: безбожниците нема да опстојат пред очите Твои; Ти ги мразиш сите што вршат неправда. Ти ги уништуваш сите лажливци; од крвопиец и лукав Господ се гнаси. А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот храм и ќе паднам ничкум пред Твоето свети­лиште, со почит кон Тебе. Господи, води ме во Твојата правда, поради непријателите мои, патот Твој пред мене порамни го. Зашто во устата нивна нема вистина; во срцето им е измама; грлото им е отворен гроб; на јазикот, пак, ласкање. Казни ги, Боже, нека пропаднат од сопствените совети; поради многу­те нечесни работи отфрли ги, бидејќи се кренаа против Тебе. Па нека се зарадуваат сите, кои прибегнуваат кај Тебе: вечно нека се радуваат. Закрили ги, нека се радуваат во Тебе оние, што го сакаат името Твое. Зашто Ти, Господи, го благо­сло­вуваш праведниот и со милоста Своја го закрилуваш, како со штит.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 5:1-12