Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 45

45
ПСАЛМ 45
Во слава на Божјиот Помазаник и Неговата невеста
1Од срцето мое се изливаат благи зборови; Му ги посветувам на Царот стиховите мои; јазикот ми е како перо на брзописец. 2Ти си најпрекрасниот меѓу сино­вите човечки, благодат се излива од Твојата уста; затоа Бог Те благо­словил довека. 3#Ез 28,12.17Препаши го на бедрото мечот Свој, о силнику: во Својата красота и уба­вина! 4И така величествен, поитај побе­доносно заради вистината, кротоста и правдата, и Твојата десница ќе по­каже чудесни дела. 5Изострени се Твоите стрели, народите ќе паднат пред Тебе, – тие ќе се забодат во срцата на царските непријатели. 6Твојот престол, Боже, е вечен: же­золот на правдата е жезол на Твоето царство. 7#Ис 11,3-5Ти ја љубиш праведноста и го мра­зиш беззаконието; затоа, Бог, Твојот Бог, Те помаза со миризливо масло на радоста повеќе од Твоите собраќа. 8#1 Сам 16,6-13Сите Твои облеки мирисаат на смирна, алој и касија; кога излегуваш од дворците од слонова коска, харфи те развеселуваат. 9#1 Цар 22,39Царски ќерки се во Твојата по­чесна придружба; царицата стои покрај Тебе оддесно, украсена со офирско злато. 10Чуј, ќерко, види, приклони го увото свое: заборави го твојот народ и домот на таткото твој! 11Зашто Царот ја посака твојата уба­вина, зашто Тој е твој Господар и приклони Му се тогаш ти. 12#Ефес 5,24И ќерката тирска ќе Му се поклони со подароци и најбогатите меѓу народот ќе ја бараат твојата благонаклоност. 13#72,10-11Сета слава на царската ќерка е внатре: нејзината облека е везена со злато; 14во везена облека ќе ја доведуваат кај Царот; по неа одат девици, нејзини другарки. 15Ги доведуваат со веселба и радост, влегуваат во Царевиот дворец. 16Место твоите татковци, овде ќе бидат твоите синови; Ти ќе ги поста­виш за кнезови по целата земја. 17Ќе го спомнуваат името Твое од род во род; затоа народите ќе Те сла­ват од век до век.

Селектирано:

Псалми 45: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се