Псалми 44
44
ПСАЛМ 44
Молитва за помош
1Боже, со ушите наши чувме, а татковците наши ни раскажуваа за делото што си го направил во нивните дни, во деновите древни. 2#78,3; 2 Сам 7,22-23Ти со Твојата рака си истребил народи, а нив си ги населил; си уништил народи, а нив си ги раширил; 3#78,55; 80,8бидејќи тие не со меч ја придобија земјата, и нивните мишки не ги спасиле, туку Твојата десница и Твојата мишка и светлината на Твоето лице, зашто Ти беа по волја. 4#5 Мојс 8,17-18; Ис.Н. 24,12; Ос 1,7Боже, само Ти си цар мој и Бог мој, Кој му извојува победа на Јаков. 5#74,12Со Тебе, ги потиснавме нашите непријатели, и со Твоето име ќе ги уништиме оние, што стануваат против нас; 6#60,12; 108,13зашто јас нема да се надевам на мојот лак и мечот мој нема да ме спаси; 7туку Ти нѐ спаси од непријателите наши и ги посрами оние што нѐ мразат. 8#37,39-40; 132,18Со Бога се фалевме секој ден и Твоето име вечно ќе го прославуваме. 9Но сега Ти нѐ отфрли и нѐ посрами, па не излегуваш, Боже, со нашите војски; 10#60,10; 68,7; 3 Мојс 26,17; 5 Мојс 28,25нѐ сврти во бегство пред непријателите наши, и оние, што нѐ мразат, нѐ ограбуваа. 11Нѐ предаде како овци на клање и нѐ растури меѓу незнабошците. 12#3 Мојс 26,33; 5 Мојс 28,64Евтино го продаде народот Свој, не бараше висока цена за нив; 13#5 Мојс 32,30; Ис 52,3нѐ предаде за презир кај соседите наши, за потсмев и хулење на оние, кои живеат околу нас; 14#79,4нѐ направи за приказ меѓу незнабошците, и мнозина ја вртат главата. 15#69,11Секој ден срамот мој е пред мене, и црвенило го покрива лицето мое, 16#69,7од гласот на оној што се потсмева и од клеветникот, пред очите на непријателите и одмаздниците. 17Сето тоа нѐ снајде нас, но ние не Те заборавивме Тебе и не го нарушивме Заветот Твој. 18И не отстапи срцето наше, и стапките наши не се отклонија од Твојот пат, 19кога нѐ порази во местото, каде што живеат чакали и нѐ покри со смртна сенка. 20#Ис 34,13; Ер 9,10Ако го бевме заборавиле името на нашиот Бог и да ги бевме протегнале рацете наши кон туѓ бог, 21зар Бог тогаш немаше да дознае за тоа? Зашто Тој ги знае тајните на срцата. 22#Ер 17,10Заради Тебе нѐ убиваат секој ден, нѐ сметаат како овци определени за клање. 23#Рим 8,36Разбуди се, зошто спиеш, Господи!? Разбуди се, и не отфрлај нѐ засекогаш! 24#74,1; 79,5; 80,4; 89,46; Ис 51,9Зошто го одвраќаш лицето Свое, ја забораваш бедата наша и неволјата наша? 25Бидејќи душата наша се понизи до прав, а утробата ни се прилепи за земјата, 26#7,5; 119,25стани, Господи, и помогни ни, избави нѐ поради љубовта Твоја.
Селектирано:
Псалми 44: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006