Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 40:11-17

Псалми 40:11-17 MK2006

Но, Господи, не отстранувај го милосрдието Твое од мене; Твојата ми­лост и Твојата верност нека ме пазат постојано, зашто зла безбројни ме опкру­жија; ме притиснаа беззаконијата мои, и не можев дури ни да гледам, – тие се по­веќе од влакната на главата моја; а и срцето мое ме остави. Благоволи, Господи, да ме изба­виш; Господи, побрзај ми на помош! Нека се засрамат и нека поцрвенат сите, кои бараат да ја погубат душата моја! Нека бидат вратени назад и нека бидат предадени на потсмев оние, кои ми сакаат зло. Нека се скаменат од срам оние, кои сакајќи да ми се наругаат велат: „Аха! Аха!“ А нека се зарадуваат и нека се развеселат во Тебе сите, кои Те ба­раат, и оние што сакаат спасение од Тебе непрестајно нека зборуваат: велик е, велик – Господ! А јас сум сиромав и беден; но Гос­под се грижи за мене. Ти си помош­ник мој и заштитник мој, Боже мој, не задоцнувај.