Господ ги зацврстува стапките на човекот и мили Му се неговите патишта: па и ако се сопне, нема да падне, зашто Господ го држи за рака. Бев млад, и остарев, но не видов оставен праведен човек ниту децата негови леб да просат; тој секој ден знае да се смилува и на заем да дава, и потомството негово ќе биде благословено. Клони се од зло и прави добро, па ќе живееш вечно; зашто Господ ја сака правдата и не ги остава верниците Свои; нив вечно ќе ги чува, а потомството на безбожниците ќе биде истребено. Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно. Устата на праведниот кажува мудрост, а јазикот негов изговара правда. Законот на неговиот Бог е во срцето негово; стапките негови нема да се сопнат. Грешникот го демне праведниот и бара да го убие; но Господ нема да го предаде во негови раце и нема да го осуди, кога ќе биде суден. Надевај се на Господ и остани на Неговите патишта; Тој ќе те воздигне за да ја наследиш земјата; и ќе го гледаш истребувањето на грешниците. Видов страшен безбожник, кој се превознесуваше и издигаше како кедар леванонски. Поминав и, ете, го нема; го побарав, и не го најдов. Види го непорочниот, гледај го праведниот: има напредок за мирниот; а безбожниците сите ќе бидат истребени, нивното наследство ќе се затре. Спасението, пак, на праведните доаѓа од Господ и Тој е нивни заштитник во тешко време; им помага Господ и ги избавува; ги избавува од грешниците и ги спасува, зашто кај Него прибегнуваат.
Прочитај Псалми 37
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 37:23-40
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа