Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 30:1-12

Псалми 30:1-12 MK2006

Ќе Те величам, Господи, зашто ме извлече и не допушти непријателите мои да се радуваат над мене. Господи, Боже мој, повикав кон Тебе, и Ти ме исцели. Господи, Ти ја изведе душата моја од светот на мртвите и ме спаси од слегување во гроб. Пејте Му на Господ, верници Него­ви, благодарете Му на Неговото свето име, зашто гневот Му трае само миг, а вечна е милоста Негова: плачот трае преку ноќта, но утрото носи голема радост. И јас си реков во изобилието мое: „Нема да се поколебам довека.“ Господи, според милоста Твоја Ти ме утврди како гора; но штом го сокри лицето Свое, јас се исплашив. Тогаш кон Тебе, Господи, повикав и на мојот Бог, Му се помолив: „Каква полза од крвта моја, ако слезам во гроб? Ќе Те слави ли правот, ќе ја објави ли тој верноста Твоја?“ Чуј ме, Господи и смилувај се, биди помошник мој. Ти ја претвори тагата моја во радост, го симна од мене вреќиштето и ме препаша со веселба, за да Те слави душата моја и да не замолкне; Господи, Боже мој, вечно ќе те славам!