Псалми 30
30
ПСАЛМ 30
Благодарствена молитва за спасение од смртта
1Ќе Те величам, Господи, зашто ме извлече и не допушти непријателите мои да се радуваат над мене. 2Господи, Боже мој, повикав кон Тебе, и Ти ме исцели. 3#6,2Господи, Ти ја изведе душата моја од светот на мртвите и ме спаси од слегување во гроб. 4#4 Мојс 16,33; 1 Сам 2,6Пејте Му на Господ, верници Негови, благодарете Му на Неговото свето име, 5#7,17; 97,12зашто гневот Му трае само миг, а вечна е милоста Негова: плачот трае преку ноќта, но утрото носи голема радост. 6#17,15; Ис 54,7-8; Јов 14,13И јас си реков во изобилието мое: „Нема да се поколебам довека.“ 7Господи, според милоста Твоја Ти ме утврди како гора; но штом го сокри лицето Свое, јас се исплашив. 8#27,9; 104,29Тогаш кон Тебе, Господи, повикав и на мојот Бог, Му се помолив: 9„Каква полза од крвта моја, ако слезам во гроб? Ќе Те слави ли правот, ќе ја објави ли тој верноста Твоја?“ 10#6,5; 88,11-12; 115,17; Ис 38,18Чуј ме, Господи и смилувај се, биди помошник мој. 11Ти ја претвори тагата моја во радост, го симна од мене вреќиштето и ме препаша со веселба, 12#35,13; 69,11; 126,5-6; Ис 3,24; 15,3; 20,1; 22,11; 61,2; Ер 4,8; 6,25; 31,12; Ест 9,22за да Те слави душата моја и да не замолкне; Господи, Боже мој, вечно ќе те славам!
Селектирано:
Псалми 30: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006