Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 22:1-11

Псалми 22:1-11 MK2006

Боже мој, Боже мој, зошто ме ос­тави? Зошто си далеку за да ми помог­неш, за да ги чуеш моите повици? Боже мој! Те призивам дење – и Ти не слушаш, и ноќе – и нема мир за мене. Сепак, Ти си свет, опкружен со пофалби од Израел. На Тебе се надеваа татковците наши; се надеваа и Ти ги избави; кон Тебе викаа, и се спасуваа; на Тебе се надеваа, и не се посрамија. А јас сум црв, а не човек, потсмев за луѓето и презир во народот. Сите, што ме гледаат, ми се подбиваат; нишајќи ги главите, велат: „Тој се надеваше на Господ, нека го избави, нека го спаси, ако Му е угоден!“ Но Ти ме изведе од утробата, ме успокои на мајчините гради. Кон Тебе сум приврзан уште од зачнувањето мое; од утробата на мајката моја Ти си мој Бог. Не оддалечувај се од мене, зашто неволјата е близу, а нема кој да ми помогне.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 22:1-11