Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 146:1-10

Псалми 146:1-10 MK2006

Фали Го, душо моја, Господа! Ќе Го фалам Господа додека сум жив; ќе Му пеам на мојот Бог додека постојам. Не надевајте се во кнезовите и во си­новите човечки, во нив нема спасение. Излегува духот негов и тој се враќа во земјата: во тој ден исчезнуваат сите негови планови. Блажен е оној, кому му е помош­ник Јакововиот Бог и чија надеж е во Гос­под, неговиот Бог, Кој ги создаде небото и Земјата, мо­рето и сѐ што е во нив, Кој вечно ја пази вистината, Кој извршува правда за угнетените, им дава леб на гладните; Господ крши окови на затворени. Господ им ги отвора очите на сле­пите, Господ ги исправа подгрбавените, Господ ги сака праведните. Господ ги пази придојдените, ги под­држува сираците и вдовиците, а патот на нечестивите го разурнува. Господ ќе царува вечно; твојот Бог, Сионе, е од род в род.