Господ ги придржува сите што паѓаат и ги подига свитканите. Очите на сите се управени кон Тебе, и Ти им ја даваш нивната храна навреме; Ти ја отвораш раката Твоја и исполнуваш сѐ што е живо со сите негови потреби. Праведен е Господ во сите Свои патишта и свет во сите Свои дела. Близу е Господ до сите, кои Го повикуваат, до сите, кои вистински Го призиваат. Тој им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува. Господ ги пази сите кои Го сакаат, а сите грешници ќе ги истреби. Устата моја ќе Му искаже похвала на Господ; секое тело ќе го благословува името свето, сега, секогаш и во сите векови.
Прочитај Псалми 145
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 145:14-21
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа