Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 144:1-15

Псалми 144:1-15 MK2006

Нека е благословен Господ, Кар­пата моја, Кој ги учи рацете мои за борба и прстите мои за војна. Тој е милост моја и прибежиште мое, мој застапник и избавител мој – и јас на Него се надевам. Тој ми го пот­чинува мојот народ мене. Господи, што е човекот, па внимаваш на него, или син човечки – та да се сеќаваш на него? Човекот е како здив; дните негови одминуваат како сенка. Господи, приклони ги небесата Свои и слези; допри се до горите, и тие ќе се здимат; болсни со молњи и растерај ги, пуш­ти ги стрелите Свои и распрсни ги; подај ја раката Твоја од височини, изведи ме и избави ме од многуте води, од рацете на туѓински синови, чии усти кажуваат лага и чија десница е десница на неправдата. Боже, нова песна ќе Ти испеам, ќе Ти свирам на харфа со десет жици. Ти им даруваш спасение на царевите, Ти го избави Твојот слуга Давид од остар меч. Избави ме и отми ме од рацете на туѓинските синови, чии усти лага гово­реа и чија десница е десница на неправдата. Дај синовите наши да се како нови насади во младоста своја, на­шите ќерки – накитени и украсени како столбови во храмот. Да ни бидат полни житниците на­ши, во изобилие со секаква храна; да се плодат овците наши по пасиш­тата свои. И воловите да ни се угоени, да нема паѓање на оградите, ни ропство, ниту офкање по улиците наши. Блажен е оној народ, кој го има тоа! Блажен е оној народ, на кого Господ му е Бог!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност