Псалми 144
144
ПСАЛМ 144
Молитва за помош во борба и победа
1 #
18,46; 18,34; 2 Сам 22,2.35 Нека е благословен Господ, Карпата моја, Кој ги учи рацете мои за борба и прстите мои за војна. 2#18,2Тој е милост моја и прибежиште мое, мој застапник и избавител мој – и јас на Него се надевам. Тој ми го потчинува мојот народ мене. 3#8,4; Јов 7,17Господи, што е човекот, па внимаваш на него, или син човечки – та да се сеќаваш на него? 4#39,5; 109,23; Јов 8,9; 14,2Човекот е како здив; дните негови одминуваат како сенка. 5#18,9; 104,32; 2 Сам 22,10; Ис 63,19; 64,1Господи, приклони ги небесата Свои и слези; допри се до горите, и тие ќе се здимат; 6#18,14; 5 Мојс 32,23; 2 Сам 22,15болсни со молњи и растерај ги, пушти ги стрелите Свои и распрсни ги; 7#18,16; 2 Сам 22,17подај ја раката Твоја од височини, изведи ме и избави ме од многуте води, од рацете на туѓински синови, 8#Ис 44,20чии усти кажуваат лага и чија десница е десница на неправдата. 9#33,2-3; 96,1; 98,1; 149,1; Ис 42,10; Откр 5,9Боже, нова песна ќе Ти испеам, ќе Ти свирам на харфа со десет жици. 10#18,50Ти им даруваш спасение на царевите, Ти го избави Твојот слуга Давид од остар меч. 11Избави ме и отми ме од рацете на туѓинските синови, чии усти лага говореа и чија десница е десница на неправдата. 12#128,3; Јов; 42,14-15Дај синовите наши да се како нови насади во младоста своја, нашите ќерки – накитени и украсени како столбови во храмот. 13#3 Мојс 26,4-5; 5 Мојс 7,13Да ни бидат полни житниците наши, во изобилие со секаква храна; да се плодат овците наши по пасиштата свои. 14#3 Мојс 26,6; Ис 65,19И воловите да ни се угоени, да нема паѓање на оградите, ни ропство, ниту офкање по улиците наши. 15#33,12; 146,5; 5 Мојс 33,29Блажен е оној народ, кој го има тоа! Блажен е оној народ, на кого Господ му е Бог!
Селектирано:
Псалми 144: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006