Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 143:1-12

Псалми 143:1-12 MK2006

Господи, слушни ја молитвата мо­ја, чуј го молењето мое поради Твојата верност; услиши ме според Твојата праведност и не стапувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите. Непријателот ја прогонува душата моја, го скршил животот мој дури до земјата, ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени; опадна духот мој во мене, се скамени во мене срцето мое. Се сеќавам на дамнешните дни и размислувам за сите Твои дела, расудувам за делата на Твоите раце. Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја. Услиши ме, поскоро, Господи: духот мој премале; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб. Соопшти ми ја рано милоста Твоја, зашто во Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја издигам душата своја. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто кај Тебе прибегнав. Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат. Заради Твоето име, Господи, зачу­вај ми го животот; поради Твоја­та праведност – избави ја од неволја душа­та моја. Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.