Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 141:1-10

Псалми 141:1-10 MK2006

Господи, кон Тебе повикав: слуш­ни ме, чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон Тебе! Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете мои – како жртва вечерна. Постави, Господи, стража пред ус­тата моја и врата на усните мои; не давај да застрани срцето мое кон зло, да врши грешни дела заедно со луѓето, кои вршат беззаконија; јас нема да се гоштевам од нивните наслади! Праведниот нека ме казнува, светиот нека ме изобличува, но не давај миро на грешник да ја помаже главата моја; зашто и молитвата моја се противи на нивната злоба. Кога ќе бидат предадени на оние што ќе ги казнат, тогаш ќе сфатат дека моите зборови беа пријатни. Како кога грутка земја ќе падне се растура, така ќе се растурат коските нивни во пеколот. Но кон Тебе, Господи, Господи, се управени очите мои; во Тебе се надевам, не оставај ме без одбрана! Запази ме од стапиците што ми ги поставија, и од примките на оние што вршат беззаконија. Грешниците нека паднат во своите мрежи, додека јас да поминам.