Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 14

14
ПСАЛМ 14
Воздишки за помош од Господ
1 # 10,4; 36,1; Соф 1,12 Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог.“ Се развратија луѓето, вр­шат гнасни дела, нема кој да прави добро. 2#102,19Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки, за да види, има ли некој разумен, кој Го бара Бога. 3#12,1; 1 Мојс 6,5.12; Рим 3,10-12Сите застранија, сите станаа лоши, нема кој да прави добро, нема ниту еден. 4#79,7; Ис 9,11Зар нема да се вразумат сите зло­сторници, кои така го јадат народот Мој, како што јадат леб, и кои не Го повикуваат Господа? 5#48,5-6; 5 Мојс 28,67Таму тие ќе се тресат од страв, каде што нема страв, зашто Господ е со ро­дот на праведните. 6Вие ги осуетувате намерите на сиромашниот, но Господ е негово прибе­жиште. 7#85,1; 126,1-4Ах да дојде од Сион спасение на Израел! Кога Господ ќе ги обнови благословите над Својот народ, тогаш ќе се зарадува Јаков, и ќе се развесели Израел.

Селектирано:

Псалми 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се