Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 136

136
ПСАЛМ 136
Благодарност на Бога за Неговата непрестајна милост
1 # 106,1 Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова. 2#5 Мојс 10,17Славете Го Бог на боговите, зашто е вечна милоста Негова. 3Славете Го Господа над господа­рите, зашто е вечна милоста Негова, 4Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова; 5#Ер 10,12; 51,14; Изреки 3,19Кој премудро го создаде небото, за­што е вечна милоста Негова; 6#24,2Кој ја утврди Земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова; 7#1 Мојс 1,16; Ер 31,35Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста Не­гова; 8сонцето – да управува со денот, за­што е вечна милоста Негова; 9месечината и ѕвездите – да управуваат со ноќта, зашто е вечна милоста Негова. 10#78,51; 135,8; 2 Мојс 12,29Кој го порази Египет и првороде­ните негови, зашто е вечна милоста Негова; 11#2 Мојс 12,51; 5 Мојс 4,34; 5,14; 26,8Кој го изведе Израел од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова; 12со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова; 13#2 Мојс 14,21-22Кој го раздвои Црвеното Море, за­што е вечна милоста Негова; 14и го преведе Израел среде него, зашто е вечна милоста Негова; 15#2 Мојс 14,27; 15,4а фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова. 16#2 Мојс 13,18Кој го преведе Својот народ преку пустината, зашто е вечна милоста Негова; 17#135,10-12Кој порази големи цареви, зашто е вечна милоста Негова; 18и ги погуби силните цареви, зашто е вечна милоста Негова; 19#4 Мојс 21,21-35; 5 Мојс 1,4Сихон, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова; 20и Ог, царот башански, зашто е вечна милоста Негова; 21и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова; 22во наследство на Својот слуга, Израел, зашто е вечна милоста Негова; 23Кој се сеќава на нас во нашето по­нижување, зашто е вечна милоста Не­гова; 24и нѐ избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова; 25#104,27; 145,15-16; Јов 36,31и Кој дава храна на секоја плот, зашто е вечна милоста Негова. 26Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова.

Селектирано:

Псалми 136: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се