Од длабочините викам кон Тебе, Господи. Господи, чуј го гласот мој. Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое, – Господи, ако гледаш на беззаконијата, – тогаш кој ќе се одржи, Господи? Но во Тебе има простување, за да Те почитуваат. Заради името Твое, Господи, чекав долго на Тебе, чекаше душата моја на Твојот збор; душата моја Го чека Господа: Од утрената стража па до ноќната, од утрената стража нека се надева Израел на Господ. Зашто милоста е во Господ и голем е откупот во Него. И Тој ќе го избави Израел од сите негови беззаконија.
Прочитај Псалми 130
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 130:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа