Псалми 13
13
ПСАЛМ 13
Безнадежна состојба и молитва за помош
1До кога, Господи, сосема ќе ме забораваш, до кога ќе го одвраќаш лицето Свое од мене? 2#6,3; 10,11; 22,24; 27,9; 30,7; 44,24; 77,7-8; 89,46; 94,3; 104,29; 5 Мојс 31,17; 32,20; Ис 8,17; 54,7; Ер 33,5; Мих 3,4; Плач 5,20До кога ќе носам бол во душата своја, и ќе жалам во срцето свое дење и ноќе? До кога непријателот мој ќе се издига над мене? 3Погледај, слушни ме, Господи, Боже мој! Просветли ги очите мои, за да не заспијам во смрт; 4да не рече непријателот мој: „Го надвив.“ Гонителите мои ќе се зарадуваат, ако потклекнам. 5#38,16Јас, пак, се надевав на Твојата милост; срцето мое ќе се зарадува заради спасението од Тебе; ќе Му пеам на Господ, Кој ми направи добрини и ќе го воспевам името на Севишниот Господ.
Селектирано:
Псалми 13: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006