Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 124

124
ПСАЛМ 124
Бог е спасител на Својот народ
1 # 94,17; 118,2-3; 129,1 Да не беше Господ со нас, – нека ка­же Израел, – 2да не беше Господ со нас, кога луѓе­то се кренаа против нас, – 3#Ер 51,34; Изреки 1,12живи ќе нѐ проголтаа, кога пламна нивната јарост против нас; 4#18,4; 32,6; 42,7; 69,1-2; Ис 8,7-8вода ќе нѐ потопеше, поток ќе го однесеше животот наш; 5бурна вода ќе ја однесеше нашата душа. 6#28,6; 31,21Нека е благословен Господ, Кој не нѐ предаде во плен на нивните заби. 7#91,3; Изреки 6,5Душата наша се избави како птица од примка на ловци: примката се скина, а ние се избавивме. 8#20,7; 33,21; 115,15; 121,2; 146,6; Изреки 18,10Помошта наша е во името на Гос­под, Кој ги создаде небото и Земјата.

Селектирано:

Псалми 124: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност