Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 123

123
ПСАЛМ 123
Надежта во Бога спасува
1 # Мт 5,34; 6,8 Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој царуваш на небесата. 2#25,15; 69,3; 119,82; 141,8; 145,15Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите ни­в­ни, како очите на слугинката – кон ра­ката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господ, нашиот Бог, сѐ додека не се смилува. 3#44,13-14; Неем 3,36Смилувај се на нас, Господи, сми­лувај се, зашто многу сме понижени со презир; 4#44,13-16; Зах 1,15; Јов 12,5; Изреки 16,18зашто се преполни душата наша од надменоста на дрските и од презирот на горделивите.

Селектирано:

Псалми 123: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност