Ти постоиш вечно, Господи; Твоето слово засекогаш е утврдено на небото; Твојата верност е од род во род. Ти си ја поставил Земјата, и таа стои. Според Твоја волја постојат денес; сѐ што постои, Тебе ти служи. Да не беше Твојот закон утеха за мене, јас ќе загинев во неволјата своја. Никогаш нема да ги заборавам Твоите правила, зашто преку нив ме оживуваш. Твој сум јас, спаси ме, зашто ги барав Твоите правила. Нечестивите демнат за да ме убијат, но јас пазам на уредбите Твои.
Прочитај Псалми 119
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 119:89-95
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа