Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 119:25-40

Псалми 119:25-40 MK2006

Душата моја лежи во прав: оживи ме според зборот Твој. Патиштата мои Ти ги кажав, и Ти ме чу; научи ме на Твоите повелби. Вразуми ме да го разберам патот на Твоите повелби и јас ќе размислувам за Твоите чудеса. Душата моја засолзи од тага, за­цврсти ме со зборовите Твои. Отстрани го од мене патот на лагата и научи ме на законот Твој. Го избрав патот на вистината, и не ги заборавив Твоите судови. Се приврзав за сведоштвата Твои, Господи: не ме посрамувај. Ќе брзам по патот на Твоите запо­веди, кога ќе го прошириш моето раз­бирање. Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ќе се придржувам за нив до крај. Поучи ме, и ќе се држам за законот Твој и ќе го пазам со сето срце свое. Упати ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав. Приклони го срцето мое кон Твои­те сведоштва, а не кон лакомства. Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат. Во слугата Свој внеси збор Свој за да се бои од Тебе. Отстрани го од мене прекорот, од кој се плашам, зашто Твоите уредби се прекрасни. Ете, јас копнеам по Твоите правила: Оживеј ме според Својата праведност.