Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 119:113-144

Псалми 119:113-144 MK2006

Оние со дволично срце ги замра­зив, но Твојот закон го сакам. Ти си ми заштита и штит: во Твое­то слово се надевам. Иставете се од мене злосторници, за да ги запазам заповедите на мојот Бог. Поддржи ме според Твоето сло­во, и јас ќе живеам; не посрамувај ме во надежта моја; помогни ми, и ќе се спасам: и Твои­те повелби постојано ќе ги пазам. Ти ги презираш оние, кои отстапуваат од Твоите повелби, зашто нивните мисли се неправедни. Сите грешници земни ги сметаш за 'рѓа, затоа засекогаш ги засакав Твоите уредби. Од страв пред Тебе трепери телото мое, и од Твоите судови се плашам. Го правев она што е право и пра­ведно; не предавај ме на моите угнетувачи. Заложи се за доброто на Својот слуга, та да не ме сотрат горделивите. Очите ми копнеат, очекувајќи го спасението од Тебе, и словото на Тво­јата правда. Постапи со Твојот слуга според милоста Своја и научи ме на Твоите по­велби. Слуга Твој сум јас: вразуми ме и ќе ги познаам уредбите Твои. Време е, Господи, да се дејствува: Твојот закон го осквернија. Затоа ги засакав заповедите Твои и од топаз и од злато повеќе. Затоа се управував според сите Твои заповеди и лажниот пат го замразив. Прекрасни се Твоите сведоштва: затоа душата моја ги запазува. Објавувањето на Твоите зборови просветува и скромните ги вразумува. Со отворена уста копнеам, зашто жеден сум за Твоите заповеди. Погледај кон мене и помилуј ме, како што постапуваш со оние, кои го сакаат Твоето име. Управувај ги стапките мои според Твоето слово и не допуштај со мене да овладее никакво беззаконие. Избави ме од човечко насилство за да ги пазам Твоите заповеди, озари го Твојот слуга со светлината на лицето Твое, и научи ме на Твои­те заповеди. Од очите мои потоци солзи течат, зашто не го пазат Твојот закон. Праведен си Ти, Господи, и пра­ведни се Твоите пресуди. Твоите сведоштва, што си ги дал, се засновани на правда и целосна вистина. Ревноста моја ме јаде, зашто не­пријателите мои ги заборавија Твоите слова. Твоето слово е темелно испитано, и Твојот слуга го сака. Мал сум и презрен, но Твоите пра­вила не ги заборавив. Твојата праведност е вечна пра­ведност, и Твојот закон е вистина. Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моето уживање. Твоите уредби се праведни довека; вразуми ме, и ќе живеам.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност