Псалми 119
119
ПСАЛМ 119
Слава на законот Божји
1 #
1,1; 112,1; 128,1; 5 Мојс 10,12; Изреки 8,32; 29,18; Мт 5,3-4; Лк 11,28 Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов. 2#5 Мојс 4,29; 2 Лет 31,21Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Негови и од сѐ срце Го бараат, 3оние кои не вршат беззаконие, туку одат по Неговите патишта. 4Ти заповеда грижливо да се пазат Твоите заповеди. 5#1 Цар 8,61О, да се управат моите патишта за да ги чувам Твоите заповеди! 6Тогаш нема да се засрамам, гледајќи ги сите Твои заповеди. 7#86,12Ќе Те славам Господи со чисто срце, кога ќе ги научам Твоите праведни судови. 8Ќе ги пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема. 9#Изреки 1,4Како момчето ќе го запази во чистота патот свој? – Ако ги пази зборовите Твои! 10Со сето срце мое Те барам, не дозволувај да застранам од Твоите заповеди. 11#37,31; Ис 51,7; Дан 7,28; Лк 2,19.51Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе. 12#25,4; 143,10Благословен си Ти, Господи! Научи ме на Твоите повелби. 13#1,2Со устата своја ги разгласив сите уредби од устата Твоја. 14По патот на Твоите сведоштва се насладувам како во секое богатство. 15Ќе размислам за Твоите заповеди и ќе ги управувам очите мои на патот Твој. 16#Рим 7,22Од повелбите Твои ќе се поучувам, нема да ги заборавам Твоите зборови. 17Покажи милост кон Твојот слуга, и ќе живеам и ќе ги пазам Твоите зборови. 18Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон. 19#39,12Придојден сум на земјава, не сокривај ги од мене Твоите заповеди. 20И копнее душата моја во секое време да ги сака Твоите уредби. 21#5 Мојс 27,26Ти ги укоруваш горделивите; проклети да се оние, кои се отклонуваат од Твоите заповеди. 22Отстрани го од мене прекорот и презирот, зашто ги пазев Твоите прописи. 23Кнезовите седат и ме клеветат, а Твојот слуга размислува за Твоите повелби. 24Сведоштвата, пак, Твои се поука моја, а наредбите Твои – советници. 25#44,25Душата моја лежи во прав: оживи ме според зборот Твој. 26Патиштата мои Ти ги кажав, и Ти ме чу; научи ме на Твоите повелби. 27#1 Сам 12,23Вразуми ме да го разберам патот на Твоите повелби и јас ќе размислувам за Твоите чудеса. 28Душата моја засолзи од тага, зацврсти ме со зборовите Твои. 29Отстрани го од мене патот на лагата и научи ме на законот Твој. 30Го избрав патот на вистината, и не ги заборавив Твоите судови. 31#5 Мојс 11,22; Ер 13,11Се приврзав за сведоштвата Твои, Господи: не ме посрамувај. 32#25,17; Ис 60,5; Ер 31,33; 2 Кор 6,11Ќе брзам по патот на Твоите заповеди, кога ќе го прошириш моето разбирање. 33#19,11Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ќе се придржувам за нив до крај. 34#Ер 9,23Поучи ме, и ќе се држам за законот Твој и ќе го пазам со сето срце свое. 35Упати ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав. 36#1 Цар 8,58; Ис 33,15Приклони го срцето мое кон Твоите сведоштва, а не кон лакомства. 37Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат. 38Во слугата Свој внеси збор Свој за да се бои од Тебе. 39Отстрани го од мене прекорот, од кој се плашам, зашто Твоите уредби се прекрасни. 40Ете, јас копнеам по Твоите правила: Оживеј ме според Својата праведност. 41И нека милоста Твоја, Господи, пријде на мене, и спасението од Тебе според зборовите Твои, – 42#Изреки 27,11; Мт 10,19и јас ќе им одговорам на оние што ме навредуваат, зашто верувам во зборовите Твои. 43Не одземај го сосема од устата моја словото на вистината, зашто јас се надевам на Твоите уредби. 44#5 Мојс 5,29И ќе го чувам Твојот закон засекогаш и во векови. 45#111,2; Езд 7,10Ќе одам слободно, зашто ги барам Твоите заповеди. 46И ќе зборувам за сведоштвата Твои пред царевите, и нема да се посрамам; 47им се насладувам на Твоите заповеди, кои многу ги засакав; 48#28,2; 63,4ќе ги протегнам рацете свои кон Твоите заповеди, кои ги возљубив, и ќе размислувам за Твоите наредби. 49#105,42Спомни си за словото Твое кон Твојот слуга, со кое си му дал надеж. 50#Рим 15,4Тоа ме утешува во неволјата моја, зашто Твоето слово ме оживува. 51Горделивите жестоко ме напаѓаат, но јас не се отстранив од Твоите закони. 52Кога си спомнувам за Твоите уредби од старина, Господи, се утешувам. 53Лутина ме обзема од нечестивите што го напуштаат Твојот закон. 54#1 Птр 2,11Повелбите Твои ми беа песна кога патував во некое место. 55#63,6; 134,1Ноќе го споменувам името Твое, Господи, и го пазам законот Твој. 56#Проп 12,13Тој стана мој, зашто ги пазам Твоите правила. 57#16,5; Плач 3,24Дел мој си Ти, Господи, – си реков – ќе го пазам законот Твој. 58Му се помолив на лицето Твое од сѐ срце: помилуј ме, според словото Твое. 59Размислувам за Твоите патишта и ги свртувам нозете мои кон Твоите уредби. 60Брзам и не се колебам да ги запазам Твоите заповеди. 61Замки од нечестиви ме опкружија, но јас не го заборавив Твојот закон. 62#42,8На полноќ станувам да Те величам поради Твоите праведни уредби. 63Јас сум меѓу оние што се бојат од Тебе и кои ги пазат Твоите правила. 64#33,5Со Твојата милост, Господи, Земјата е полна; научи ме на Твоите повелби. 65Добрини си му направил, Господи, на Твојот слуга според Твоето слово. 66Научи ме на добро и на разумно, зашто верувам во Твоите заповеди. 67#Изреки 15,33Пред моето страдање бев застранил, а сега го пазам Твојот збор. 68#25,8Ти си добар, Господи, и поради добрината Твоја научи ме на Твоите повелби. 69Се зголеми неправдата од гордите врз мене, но јас од сѐ срце ги пазам Твоите правила. 70#17,10; 73,7; Ис 6,10Срцето им е бездушно како сало, но јас уживам со Твојот закон. 71Добро ми е што бев понижен, за да се научам на Твоите повелби. 72#19,10Законот на Твојата уста за мене е подобар отколку илјадници златници и сребреници. 73#5 Мојс 32,6; Јов 10,8Твоите раце ме создадоа и изградија: вразуми ме, и ќе се научам на Твоите заповеди. 74#107,42; 130,5Оние, кои се бојат од Тебе, кога ќе ме видат ќе се зарадуваат, затоа што се надевав во Твоите зборови. 75Знам, Господи дека Твоите судови се праведни, и според справедливоста Твоја Ти ме казни. 76Па нека ми биде милоста Твоја утеха, според Твоето слово кон Твојот слуга. 77Нека пријде на мене Твојата штедрост, и јас ќе живеам, зашто законот Твој е утеха моја. 78Нека се посрамат горделивите, зашто неправедно и без вина ме обвинуваат; а јас ќе размислувам за Твоите правила. 79Нека ми се приклонат оние што се плашат од Тебе, за да ги научат Твоите уредби. 80Нека биде срцето мое непорочно во Твоите повелби, та да не се посрамам. 81Копнее душата моја за Твоето спасение; јас се надевам во Твоите зборови. 82#101,2Очите мои попуштија од желба за Твоето слово, велејќи: кога ќе ме утешиш? 83#35,14; Јов 30,30Зашто станав како мев во дим, но Твоите повелби не ги заборавив. 84#7,1Колку долго ќе чека Твојот слуга? Кога ќе извршиш суд над моите гонители? 85#57,6Горделивите ми ископаа јама; тие го кршат Твојот закон. 86#33,4; 111,7-8Сите Твои заповеди се вистина. Неправедно ме гонат: помогни ми! 87За малку ќе ме убиеја на земјата, но јас не ги оставив Твоите заповеди. 88Според Твојата милост зачувај ми го животот, и јас ќе ги пазам сведоштвата од Твојата уста. 89#19,9; Ис 40,8; Изреки 8,22-23; Мт 24,35Ти постоиш вечно, Господи; Твоето слово засекогаш е утврдено на небото; 90#104,5Твојата верност е од род во род. Ти си ја поставил Земјата, и таа стои. 91Според Твоја волја постојат денес; сѐ што постои, Тебе ти служи. 92Да не беше Твојот закон утеха за мене, јас ќе загинев во неволјата своја. 93Никогаш нема да ги заборавам Твоите правила, зашто преку нив ме оживуваш. 94#100,3Твој сум јас, спаси ме, зашто ги барав Твоите правила. 95Нечестивите демнат за да ме убијат, но јас пазам на уредбите Твои. 96Го видов крајот на секое совршенство, но Твоите заповеди се безгранични. 97#40,8Колку го засакав, Господи, Твојот закон; секој ден се поучувам од него. 98#5 Мојс 4,6Со Твојата заповед ме направи помудар од непријателите мои, зашто таа е секогаш со мене. 99Станав поразумен од сите учители мои, зашто сведоштвата Твои се моја поука. 100#Јов 32,6-7; 8,9Поумен станав од старите, зашто ги пазам Твоите заповеди. 101Ги задржувам нозете свои од секаков лош пат, за да го пазам словото Твое. 102Од твоите уредби нема да се откажам, зашто Ти ме поучи. 103#19,10; Ер 15,16Колку се слатки за грлото мое зборовите Твои, послатки се од мед во устата моја. 104Преку твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој лажен пат. 105#18,28; Изреки 6,23Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја. 106Се заколнав и реков дека ќе ги пазам Твоите праведни судови, и ќе ги исполнувам. 107#70,5Многу сум нажален, оживи ме, Господи, поради Твоето слово. 108#50,14.23; Евр 13,15Прими ги моите благодарници, Господи, и научи ме на Твоите уредби. 109Животот ми е постојано во опасност, но Твојот закон не го заборавив. 110Нечестивите ми поставија замка, но јас не се отстранив од Твоите заповеди. 111#Ер 15,16Твоите уредби ми се вечно наследство, тие се голема радост за срцето мое. 112Го натерав срцето свое да ги извршува повелбите Твои, секогаш и до крај. 113Оние со дволично срце ги замразив, но Твојот закон го сакам. 114#3,3Ти си ми заштита и штит: во Твоето слово се надевам. 115#6,8Иставете се од мене злосторници, за да ги запазам заповедите на мојот Бог. 116Поддржи ме според Твоето слово, и јас ќе живеам; не посрамувај ме во надежта моја; 117помогни ми, и ќе се спасам: и Твоите повелби постојано ќе ги пазам. 118Ти ги презираш оние, кои отстапуваат од Твоите повелби, зашто нивните мисли се неправедни. 119#2 Мојс 22,18-22Сите грешници земни ги сметаш за 'рѓа, затоа засекогаш ги засакав Твоите уредби. 120#88,16; Јов 4,14-15Од страв пред Тебе трепери телото мое, и од Твоите судови се плашам. 121Го правев она што е право и праведно; не предавај ме на моите угнетувачи. 122Заложи се за доброто на Својот слуга, та да не ме сотрат горделивите. 123Очите ми копнеат, очекувајќи го спасението од Тебе, и словото на Твојата правда. 124Постапи со Твојот слуга според милоста Своја и научи ме на Твоите повелби. 125#116,16; 143,12Слуга Твој сум јас: вразуми ме и ќе ги познаам уредбите Твои. 126#69,13; 102,13Време е, Господи, да се дејствува: Твојот закон го осквернија. 127Затоа ги засакав заповедите Твои и од топаз и од злато повеќе. 128Затоа се управував според сите Твои заповеди и лажниот пат го замразив. 129Прекрасни се Твоите сведоштва: затоа душата моја ги запазува. 130#19,8; 73,17Објавувањето на Твоите зборови просветува и скромните ги вразумува. 131Со отворена уста копнеам, зашто жеден сум за Твоите заповеди. 132#5,11; 25,16; 91,14Погледај кон мене и помилуј ме, како што постапуваш со оние, кои го сакаат Твоето име. 133Управувај ги стапките мои според Твоето слово и не допуштај со мене да овладее никакво беззаконие. 134#Ис 54,14; Лк 1,74Избави ме од човечко насилство за да ги пазам Твоите заповеди, 135#4,6; 31,16озари го Твојот слуга со светлината на лицето Твое, и научи ме на Твоите заповеди. 136#Ер 13,17; Ез 9,4; Езд 9,3-4Од очите мои потоци солзи течат, зашто не го пазат Твојот закон. 137#5 Мојс 32,4; Соф 3,5; Плач 1,5.7Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди. 138Твоите сведоштва, што си ги дал, се засновани на правда и целосна вистина. 139#69,9Ревноста моја ме јаде, зашто непријателите мои ги заборавија Твоите слова. 140#Изреки 30,5Твоето слово е темелно испитано, и Твојот слуга го сака. 141Мал сум и презрен, но Твоите правила не ги заборавив. 142Твојата праведност е вечна праведност, и Твојот закон е вистина. 143Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моето уживање. 144Твоите уредби се праведни довека; вразуми ме, и ќе живеам. 145Те повикувам со сето срце мое, услиши ме, Господи, – и ќе ги пазам повелбите Твои. 146Тебе Те повикувам: спаси ме, за да ги пазам Твоите уредби. 147#57,8Ја испреварувам зората и викам; на Твоето слово се надевам. 148#63,6; 77,4Очите мои се отвораат пред утринската стража, за да се поучам на Твоите слова. 149Чуј го мојот глас, според милоста Своја, Господи; според Твојата правда, зачувај ме во живот. 150Се приближија оние што ме прогонуваат со зла намера; од законот Твој тие се оддалечија. 151#5 Мојс 4,7Но Ти си близок, Господи, и сите Твои заповеди се вистина. 152#Мт 5,18Одамна знам за Твоите уредби, зашто си ги утврдил засекогаш. 153Погледај на мојата потиштеност и избави ме, зашто не го заборавив Твојот закон. 154#43,1Пресуди според мојата правда и искупи ме; заради словото Твое оживеј ме. 155Далеку е спасението од нечестивите, зашто тие не ги бараат Твоите повелби. 156#69,16Голема е Твојата милост, Господи, според Твојата правда оживи ме. 157Многумина ме гонеа и мачеа, но од Твоите уредби јас не отстапив. 158#95,10Ги гледам неверниците и се гнасам, зашто словата Твои не ги пазат. 159Погледни како ги сакам заповедите Твои, запази ми го животот, Господи, поради Твојата милост. 160#Јн 17,17Вистината е основа на Твоите слова; и секоја Твоја праведна одредба трае вечно. 161Кнезовите ме гонат без вина, но срцето мое се плаши само од Твоите зборови. 162#Ис 9,2; Мт 13,44Се радувам на Твоето слово, како оној кој нашол големо благо. 163Ја замразив неправдата и се гнасам од неа; а Твојот закон го сакам. 164Седумпати на ден Те прославувам за Твоите праведни одредби. 165#37,11; 72,7; 1 Јн 2,10Голем е мирот кај оние, кои го сакаат Твојот закон, и за нив нема соблазна. 166Го чекам спасението од Тебе, Господи, и Твоите заповеди ги извршувам. 167Душата моја ги пази Твоите уредби, и јас многу ги засакав. 168#Изреки 5,21Ги пазам Твоите заповеди и Твоите сведоштва, зашто сите мои патишта се пред Тебе, Господи. 169Нека допре до Тебе молбата моја, Господи; вразуми ме според Твоите зборови. 170#79,11; 88,2Нека барањето мое дојде пред Тебе; избави ме според Твоето слово. 171Од устата моја нека се произнесе похвала, кога ќе ме научиш на Твоите повелби. 172#Рим 7,12Јазикот мој нека ги разгласи Твоите зборови, зашто сите Твои заповеди се праведни. 173Нека ми биде Твојата рака на спасение, зашто Твоите заповеди ги избрав. 174Копнеам, Господи, за спасение од Тебе и Твојот закон е мојата наслада. 175#22,26; 69,32; Ис 38,19; 55,2Нека живее душата моја и нека Те слави; и Твоите уредби нека ми помогнат. 176#Ис 53,6; Ер 50,6; Ез 34,1.6; Лк 15,4-7; 1 Птр 2,25Се заблудив како загубена овца: побарај го Твојот слуга, зашто не ги заборавив Твоите заповеди.
Селектирано:
Псалми 119: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006