Се радувам дека Господ ќе го услиши гласот на моето молење, зашто го приклони кон мене Своето уво, и затоа ќе Го повикувам преку сите мои дни. Смртни болки ме обзедоа, пеколни маки ме стигнаа; се најдов во неволја и мака. Тогаш го повикав името Господово: О, Господи, избави ја душата моја! Милостив е Господ и праведен, и милосрден е нашиот Бог. Господ ги пази слабите: бев во мака и Тој ми помогна. Врати се, душо моја, во својот мир, зашто Господ постапи добро со тебе, бидејќи душата моја ја истргна од смрт, очите мои – од солзи, и нозете мои – од сопнување.
Прочитај Псалми 116
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 116:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа