Псалми 108
108
ПСАЛМ 108
Благодарност за Божјата добрина и верност
1Подготвено е срцето мое, Боже; ќе пеам и ќе воспевам. Разбуди се душо моја! 2#57,7-11Разбудете се, харфо и лиро! Ќе ја разбудам зората. 3Ќе Те славам, Господи, меѓу народите; ќе Те воспевам меѓу племињата, 4#18,49зашто повисока од небото е Твојата милост, и до облаците достига Твојата верност. 5#36,5; Ис 55,9Издигни се над небесата Боже, и славата Твоја нека биде по целата Земја, 6за да се избават Твоите возљубени; спаси ме со Твојата десница и услиши ме. 7#60,5-12Бог рече во своето светилиште: „Ќе се вознесам и ќе го разделам Сихем и ќе ја измерам долината Сукот; 8Мој е Галаад, Мој е Манасија, Ефрем е шлем на главата Моја, Јуда е Мој скиптар; 9Моав Ми е леген за миење, врз Едом ќе ја фрлам обувката Своја, над Филистејците ќе славам победа.“ 10#Ис 11,4Кој ќе ме доведе до укрепениот град? Кој ќе ме доведе до Едом? 11Зар не си Ти, Боже, Кој нѐ отфрли и не излегуваш, Боже, со нашите војски? 12#60,1Дај ни помош против непријателите, зашто човечката заштита е суетна. 13#118,8Во Бога ќе имаме сила; Тој ќе ги прегази непријателите наши.
Селектирано:
Псалми 108: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006