Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела спрема синовите човечки! Нека Го возвеличуваат со собранието народно и нека Го слават во советите на старешините! Тој претвора реки во пустина, и водни извори – во сушна земја, земја плодородна – во солница, поради злобата на оние што живеат во неа. Тој претвори пустина во езеро, а сува земја – во земја со водни извори; таму насели гладни, а тие изградија град за живеење; засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови. Тој ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивен Тој не им го намалуваше.
Прочитај Псалми 107
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 107:31-38
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа