Оние што запловија по море на кораби, што имаа работа по големите води – тие ги гледаа делата на Господ и чудесата Негови во длабочините. Тој рече – и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови; се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во неволјата; тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им исчезнува. Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господ, и Тој ги изведе од маките нивни. И ѝ заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа. Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Тој ги упати кон нивното сакано пристаниште. Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела спрема синовите човечки! Нека Го возвеличуваат со собранието народно и нека Го слават во советите на старешините!
Прочитај Псалми 107
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 107:23-32
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа