Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 107:23-32

Псалми 107:23-32 MK2006

Оние што запловија по море на ко­раби, што имаа работа по големите води – тие ги гледаа делата на Господ и чудесата Негови во длабочините. Тој рече – и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови; се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во неволјата; тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им ис­чез­нува. Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господ, и Тој ги изведе од маките нив­ни. И ѝ заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа. Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Тој ги упати кон нивното сака­но пристаниште. Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудес­ни дела спрема синовите човечки! Нека Го возвеличуваат со собра­нието народно и нека Го слават во со­ветите на старешините!