Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 104:14-27

Псалми 104:14-27 MK2006

Ти правиш да расте трева за доби­токот и растенија за потреба на луѓето, за да произведат храна од земјата и вино што го весели срцето на чо­векот, и маслото од кое блеска лицето негово, и лебот што го закрепнува срцето на човекот. Се напојуваат дрвјата по полето, кедрите леванонски, што си ги посадил; на нив птиците си прават гнезда, елките им се живеалишта на штркови­те. Високите гори – на срните; камењата – прибежиште на зајаците. Тој ја создал месечината да ги определува времињата, сонцето знае кога ќе зајде. Спушташ темнина, и настанува ноќ: тогаш излегуваат сите горски ѕверови; лавовите рикаат за плен и бараат од Бога храна за себе. Изгрева сонцето, а тие се собираат и легнуваат во своите легла; човекот излегува по своја работа и работи до вечерта. Колку се многубројни делата Твои, Господи! Сѐ си направил премудро; Земјата е полна со Твои созданија. Ете го морето, големо и пространо; таму се движат безброј лазачи, мали и големи животни; таму пловат кораби, таму е левијатанот што си го создал да игра во него. Сите тие од Тебе чекаат да им да­деш храна навреме.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност