Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 104

104
ПСАЛМ 104
Славата Божја е во делата Негови
1 # 103,1; 103,2.22; 93,1; 2 Сам 7,22 Благословувај Го, душо моја, Госпо­да! Господи, Боже мој, Ти си многу велик; во слава и величес­твеност Си се облекол; 2#Ис 40,22; Јов 9,8Ти, Кој се облекуваш со светлина како со облека, си го прострел небото како шатор; 3#18,10; 68,4; Ис 19,1; Амос 9,6на вода си ги поставил Твоите дво­рови, облаците си ги направил како Своја кола, на крилјата од ветрот патуваш. 4#Евр 1,7Ветровите ги правиш Свои гласници, а огнот и пламенот – Свои слуги. 5#24,2; 46,2; 75,3; 1 Сам 2,8; Јов 38,6; Изреки 8,25.29Ти си ја поставил Земјата на цврс­ти основи: таа нема да се разниша никогаш. 6Си ја покрил со бездна како со облека, води стојат над горите. 7Од Твојата закана тие бегаат, од гласот на Твојот гром се разбегуваат; 8#1 Мојс 1,9; Ер 5,22; Јов 38,8-11се издигаат до горите, се спуштаат во долините, на места што си им ги оп­ределил. 9#1 Мојс 9,11-15; Изреки 8,29Си поставил граница преку која нема да преминат, ниту ќе се вратат да ја покријат Земјата. 10#74,15; 5 Мојс 8,7Си управил извори во долините: ме­ѓу горите течат води, 11ги напојуваат сите полски ѕверови; дивите магариња ја гаснат жедта своја. 12#Ез 31,13Покрај нив живеат птици небес­ни, меѓу гранките пуштаат глас. 13Ти ги напојуваш горите од своите височини, од плодовите на Твоите дела се наситува Земјата. 14#147,9; 1 Мојс 1,11-12; 1,29-30; 2,16Ти правиш да расте трева за доби­токот и растенија за потреба на луѓето, за да произведат храна од земјата 15#4,7; 1 Мојс 5,29; 18,4; Суд 9,13; 19,4.7; Зах 10,7; Изреки 31,27и вино што го весели срцето на чо­векот, и маслото од кое блеска лицето негово, и лебот што го закрепнува срцето на човекот. 16Се напојуваат дрвјата по полето, кедрите леванонски, што си ги посадил; 17на нив птиците си прават гнезда, елките им се живеалишта на штркови­те. 18#Изреки 30,26Високите гори – на срните; камењата – прибежиште на зајаците. 19#74,16; 1 Мојс 1,16Тој ја создал месечината да ги определува времињата, сонцето знае кога ќе зајде. 20#Амос 5,8Спушташ темнина, и настанува ноќ: тогаш излегуваат сите горски ѕверови; 21#Јоил 1,20; Јов 38,39.41лавовите рикаат за плен и бараат од Бога храна за себе. 22#Јов 37,8; 38,39Изгрева сонцето, а тие се собираат и легнуваат во своите легла; 23човекот излегува по своја работа и работи до вечерта. 24#8,1; 92,5; Ер 10,12; Јов 5,9; Изреки 3,19; 8,21-30Колку се многубројни делата Твои, Господи! Сѐ си направил премудро; Земјата е полна со Твои созданија. 25Ете го морето, големо и пространо; таму се движат безброј лазачи, мали и големи животни; 26#74,14; Јов 40,29; Изреки 8,31таму пловат кораби, таму е левијатанот што си го создал да игра во него. 27#136,25; 145,15-16; Мт 24,45; Лк 12,42Сите тие од Тебе чекаат да им да­деш храна навреме. 28Им даваш – примаат, ја отвораш раката Своја – се наситуваат со блага; 29#30,7; 90,3; 146,4; 1 Мојс 3,19; Јов; 34,14-15; Проп 12,7го одвратиш ли лицето Свое – се збунуваат, им го одземеш ли духот нивен – умираат и во земјата своја се враќаат. 30#33,6; 1 Мојс 1,2; 2,7; Дела 2,2-3Го праќаш ли духот Свој – се создаваат; Ти го обновуваш лицето на земјата. 31Нека пребива вечно славата на Господ; нека се весели Господ за делата Свои! 32#18,7; 144,5Погледнува ли кон Земјата, и таа се тресе; се допре ли до горите, тие се димат. 33#7,17; 30,12; 63,4; 146,2Ќе Му пеам на Господ преку целиот мој живот, ќе Му пеам на мојот Бог сѐ додека постојам. 34#19,14Нека Му биде мила беседата моја! Ќе се веселам во Господ. 35Нека ги снема грешниците од Земјата, и беззаконици да нема веќе! Благословувај Го, душо моја, Гос­пода! Алилуја!

Селектирано:

Псалми 104: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се