Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 103:1-14

Псалми 103:1-14 MK2006

Благословувај Го, душо моја, Госпо­да, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име! Благословувај Го, душо моја, Госпо­да и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести; Кој го избавува од пропаст твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини. Кој го исполнува со добра животот твој, како на орел ти ја обновува твојата младост. Господ им дава милост и правда на сите угнетени. Тој му ги покажа Своите патишта на Мојсеј, на Израеловите синови – де­лата Свои. Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив; Тој не се гневи до крај, ниту вечно се лути. Тој не постапува со нас според на­шите беззаконија и не ни плаќа спо­ред нашите беззаконија; зашто, колку е големо растојанието од небото до Земјата, толку е голема милоста на Господ спрема оние што се бојат од Него; колку е далеку исток од запад, тол­ку ги оддалечува Тој од нас на­шите престапи; како таткото што ги милува сино­вите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав.