Псалми 10
10
ПСАЛМ 10
1 #
22,1; 74,1 Зошто стоиш далеку Господи, зошто се сокриваш во време на неволји? 2Во горделивоста нечестивиот ги мачи бедните бездушно, и тие паѓаат во замките негови. 3#10,13; Јов 22,13Бидејќи грешникот се гордее со лакомството на душата своја, колне и Господа Го презира. 4#14,1; 36,1; 73,11; Ер 5,12; Соф 1,12; Мал; 3,14-15; Јов; 21,14-15; 22,11-13Во својата горделивост, грешникот вели: „Ќе нема истрага!“, а во себе мисли: „Бог не постои!“ 5#Ер 12,1-2; Јов 21,7-33Патиштата негови се секогаш успешни, судовите Твои се многу високи, за да мисли на нив, а на непријателите свои им се потсмева. 6И во срцето свое си вели: нема да бидам соборен, во ниеден род зло нема да ме снајде! 7#Рим 3,14Устата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов пакост и неправда. 8#17,11-12; 56,6; 59,3; 140,5; Ер 5,26; Ос 6,8-9; Авак 3,14; Изреки 1,11-16Седи во заседа покрај селата, на скришни места за да убива невини, очите негови демнат беспомошни. 9Исчекува скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ќе фати, го одвлекува во својата мрежа. 10Се притајува, прилегнува и тогаш беспомошниот паѓа совладан. 11#44,24; 73,11; 74,19; 94,7; Ез 9,9; Јов 22,13Па вели во срцето свое: Бог заборавил, го сокрил лицето Свое, никогаш нема да види. 12Стани, Господи, Боже мој, нека се крене раката Твоја, не ги заборавај угнетените. 13Зошто безбожникот Го презира Бога, зошто во срцето свое да вели – Бог не казнува? 14#31,7; 56,8; 2 Мојс 22,21-22Но Ти гледаш, зашто ги забележуваш маките и навредите; во Свои раце ги одмеруваш; беспомошниот Тебе Ти се предава, Ти си му помошник на сиракот, бедниот Тебе ти се предава. 15Сотри ја мишката на грешникот и на лукавиот; казни му ја пакоста за да ја нема повеќе! 16#29,10; 145,13; 146,10; Ер 10,10; Наум 2,1Господ е вечен цар, во сите времиња; ќе ги снема незнабошците од земјата Негова. 17Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; закрепи ги срцата нивни, отвори го увото Свое! 18Дај правда за сиракот и за угнетениот, па да престане човекот на земјата да задава страв.
Селектирано:
Псалми 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006