Изреки 8
8
Зовот на мудроста
1 #
1,20-21
Нели мудроста вика? И нели разумот го издига гласот свој? 2Мудроста застанува на високи места, крај патот, на раскрсници; 3таа вика пред портите при влезот во градот, кај влезот од вратата силно извикува: 4„Кон вас, луѓе, викам, и кон синовите човечки е мојот глас! 5Научете се, неразумни, на благоразумие, и безумни, – на разум. 6#11,1-6Слушајте, бидејќи ќе говорам важни работи, и устата моја ќе изрече правда; 7зашто јазикот мој ќе ја изговори вистината; лажливата уста одвратна е за мене. 8Сите зборови на устата моја се справедливи; во нив нема ни подмолност, ни лукавство; 9сите тие се јасни за разумниот и справедливи за оние, што се здобиле со знаење. 10Примете го учењето мое, а не сребро; подобро знаење, отколку најдобро злато; 11зашто мудроста е подобра од бисер, и ништо, од она што е скапоцено, не може да се спореди со неа.
Мудроста се претставува
12Јас, мудроста, живеам со разумот и барам расудувачко знаење. 13Стравот Господов го мрази злото; ја мрази гордоста и високомерноста, лошиот пат и подмолната уста. 14Мои се советот и правдата; јас сум разум, во мене е силата. 15Преку мене цареви царуваат, и заповедници правда озаконуваат; 16преку мене началници управуваат и големци и сите судии земни. 17#Мт 7,8; Јн 14,23Ги сакам оние што мене ме сакаат, и кои ме бараат, ќе ме најдат; 18во мене се богатството и славата, богатата ризница и правдата; 19плодовите мои се подобри од злато, и од најчисто злато, и користа од мене е повеќе отколку од најчисто сребро. 20Јас одам по патот на правдата, по патеките на правосудството, 21за да им доставувам вистинско добро на оние, што ме сакаат, нивните ризници ги полнам. 22#Кол 1,17#Јн 1,1; Откр 3,14Господ ме создаде за почеток на Својот пат, пред сите Свои творби, 23ме создаде уште од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде Земјата. 24Јас сум се родила, кога уште немало бездни, кога уште не постоеле извори, изобилни со вода. 25Јас сум се родила пред да бидат втемелени горите, пред ридовите, 26кога Господ уште не беше ја создал Земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената. 27Кога Тој го оформуваше небото, јас бев со Него, кога го поставуваше хоризонтот над бездната, 28кога ги утврдуваше облаците во висините, кога ги зацврстуваше изворите на бездната, 29кога ги поставуваше границите на морето, за да не ги преминуваат водите неговите брегови, кога ги полнеше основите на Земјата, – 30јас бев кај Него кога создаваше, и се радував секој ден, веселејќи се пред лицето Негово за сето време, 31веселејќи се на Неговиот земен круг. А потоа радоста моја беше со синовите човечки.
Блажени се оние што ја слушаат мудроста
32И така, синко, сега послушај ме: блажени се, оние што ги пазат моите патишта! 33Послушај ја поуката, бидете мудри и не отстапувајте од неа. 34Блажен е оној човек, кој ме слуша, станувајќи бодар секој ден кај портите мои и стоејќи на стража при вратата моја! 35Зашто, кој ме нашол мене, нашол живот; и ќе добие благодат од Господ; 36а кој греши против мене, нанесува штета на душата своја: сите што ме мразат мене, ја сакаат смртта.“
Селектирано:
Изреки 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006