Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 28:1-14

Изреки 28:1-14 MK2006

Безбожниот бега, кога никој не го гони; а праведниот е смел ка­ко лав. Кога земјата ќе отстапи од законот, тогаш во неа има многу началници; а при разумен и вешт маж управата е долговечна. Човек сиромав кој врши зло над сла­бите е исто како излеан дожд, кој нанесува штета. Отстапниците од законот ги фалат нечесните, а оние што го почитуваат за­конот, негодуваат против нив. Лошите луѓе не ја разбираат спра­ведливоста, а оние, што Го ба­раат Господа, разбираат сѐ. Подобро сиромав, кој оди во својата непорочност, отколку оној што ги ис­кривува своите патишта, макар и да е богат. Кој го пази законот, е разумен син, а кој се дружи со расипници, го срами татко си. Кој го умножува имотот свој пре­ку камата и лихварство, тој го собира за добротворецот на сиромасите. Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна. Кој ги упатува праведните кон па­тот на злото, сам ќе падне во јамата своја, а непорочните ќе наследат добро. Богатиот човек самиот се смета за мудрец, но умен сиромав ќе го разобличи. Кога праведници победуваат, голема е славата, но кога безбож­ниците се издигаат, луѓе гинат. Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се кае и ги остава, ќе биде помилуван. Блажен е оној човек, кој секогаш се бои; а кој го ожесточува срцето свое, ќе падне во неволја.