Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 27

27
1 # 20,24; Јк 4,14 Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ќе роди тој ден. 2#27,21Нека те фали друг, а не устата твоја, – туѓ, а не јазикот твој. 3#17,25Тежок е каменот, тежок е и пе­сокот; но гневот на глупавиот е потежок и од едното – и од другото. 4#6,34Лут е гневот, нескротлива е јароста; но кој ќе издржи против зависта? 5#28,23Подобро отворено разобличување, отколку сокриена љубов. 6Искрени се прекорите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази. 7#25,16Сита душа го гази и восочниот мед, а на гладна душа и горчливото ѝ е слатко. 8#6,10-11Она што е птицата, што го на­пуштила гнездото свое, тоа е човекот, кој го напуштил местото свое. 9#20,5Маслото и темјанот го радуваат ср­цето; така е сладок пријателот со него­виот срдечен совет. 10#17,17; 18,24Не напуштај го пријателот свој, ни­ту пријателот на таткото твој, и не му оди на братот во куќата негова во денот на неволјата твоја; подобро сосед во близина, отколку брат на­далеку. 11#10,1; 23,15; 29,3Биди мудар, синко, и радувај го ср­цето мое, – и јас ќе имам што да му кажам на оној, што ме клевети. 12#22,3Умниот го гледа злото и го одбегнува; а неискусните одат невнимателно и биваат казнувани. 13#20,16Земи му ја облеката, зашто се зало­жил за туѓинец; и за туѓинката земи од него залог. 14#28,23Кој со силен глас го поздравува пријателот свој од рано утро, поздравот негов ќе се прифати како клетва. 15#19,13Непрестајно капење од стреа во дождлив ден и жена кавгаџика се едно исто: 16кој сака да ја задржи, тој сака да задржи ветар и со својата рака масло да фати. 17#18,17Железо железо остри, и човек на човека гневот го изострува. 18#25,13Кој ја чува смоквата своја, ќе ги јаде плодовите нејзини, и кој го чува господарот свој, ќе биде почитуван. 19#27,10Како што е во водата лице спроти лице, така е и срцето на човека спроти човек. 20#13,8Пеколот и бездната не можат да се наситат: така се ненаситни и очите чо­вечки. 21#17,3Она што е топилницата за среброто и печката за златото, тоа се за човекот устите, што го фалат. 22#26,11Безумниот да го толчиш со же­лезо во дибек заедно со зрната, – безумието нема да се оддели од него. 23#12,9-11Добро надгледувај го добитокот свој, води грижа за стадата свои; 24како што богатството не е вечно, така и власта не трае довека. 25Тревата никнува, и зеленило се јавува, па се собираат билки горски, 26тогаш овците треба да ти бидат тебе за облека, и козите – за купување ниви; 27ќе имаш доволно козјо млеко за тебе и за твоите домашни за храна и на твоите слугинки за исхрана.

Селектирано:

Изреки 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност