Подобро е добро име, отколку големо богатство, и подобро е благонаклоност, отколку сребро и злато. Богатиот и сиромавиот се среќаваат еден со друг; и едниот и другиот ги создал Господ. Умниот го гледа злото и го избегнува; а безумните одат невнимателно и тоа скапо го плаќаат. Плодови на смиреноста се: стравот Господов, богатството, славата и животот. По патот на подмолниот – трње и стапици: кој ја пази душата своја, ќе бега од нив. Поучи го момчето во почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари. Богатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот. Кој сее неправда, ќе пожнее зло, и прачката на гневот негов ќе исчезне. Милосрдниот ќе биде благословен, зашто им дава на бедните од лебот свој. Истерај го исмејувачот, и раздорот ќе исчезне, ќе престанат кавгата и навредите. Оној што љуби чисто срце, и чии зборови се пријатни, и на царот станува пријател. Очите на Господ го чуваат знаењето, а зборовите на престапникот Тој ги разобличува. Мрзливиот вели: „Лав има надвор! Насред улица ќе загинам!“ Устите на блудниците се длабока бездна: на кого Господ ќе се разгневи, тој ќе падне во неа. Безумието на детето му е приврзано за срцето, но прачката ќе го отстрани далеку од него. Кој ограбува сиромав, за да го умножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, – ќе осиромаши.
Прочитај Изреки 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 22:1-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа