Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен. Заплашувањето од царот е како лавовско рикање: кој го дразни, греши против себеси. Чест е за човекот да се воздржи од кавга; а секој неразумен се вплеткува во неа. Мрзливиот наесен не ора, а кога доаѓа жетва, тој бара и ништо нема. Помислите во срцето на човекот се длабоки води, но разумен човек ги исцрпува. Мнозина го фалат човекот за милосрдноста негова, но кој наоѓа вистински човек? Праведникот оди по својата непорочност: блажени се децата негови по него. Кога цар праведен седи на престол, нему не му се противи никакво зло. Кој може да каже: „Го очистив срцето свое, чист сум од гревот свој?“ Нееднакви терезии, нееднаква мерка, – и едното и другото се одвратност пред Господ. Дури и дете може да се познае по работите негови: чисто ли ќе биде и правилно ли ќе биде поведението негово? Уво што слуша, и око што гледа, – и едното и другото Господ го создал. Не љуби да спиеш, за да не осиромашиш; држи ги отворени очите свои, и ќе јадеш леб до наситување. „Лошо е, лошо е,“ вели купувачот, а кога ќе одмине, тогаш се фали. Има злато и многу скапоцени камења, но разумната уста е поскапоцена од сѐ.
Прочитај Изреки 20
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 20:1-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа