Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 20

20
1 # 23,29-35; 31,4 Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој, кој им е пот­чинет, не е разумен. 2#19,12Заплашувањето од царот е како лавовско рикање: кој го дразни, гре­ши против себеси. 3#17,14Чест е за човекот да се воздржи од кавга; а секој неразумен се вплеткува во неа. 4#13,4; 19,24; 21,25Мрзливиот наесен не ора, а кога доаѓа жетва, тој бара и ништо нема. 5#18,4Помислите во срцето на човекот се длабоки води, но разумен човек ги исцрпува. 6#28,20Мнозина го фалат човекот за ми­лосрдноста негова, но кој наоѓа вистински човек? 7#13,22Праведникот оди по својата непо­рочност: блажени се децата негови по него. 8#16,10; 20,26; 25,5Кога цар праведен седи на прес­тол, нему не му се противи никакво зло. 9#21,2; 1 Јн 1,8Кој може да каже: „Го очистив срцето свое, чист сум од гревот свој?“ 10#11,1; 20,23Нееднакви терезии, нееднаква мер­ка, – и едното и другото се одвратност пред Господ. 11#22,15Дури и дете може да се познае по работите негови: чисто ли ќе биде и правилно ли ќе биде поведението негово? 12#15,30Уво што слуша, и око што гледа, – и едното и другото Господ го создал. 13#6,9; 19,15; 24,33Не љуби да спиеш, за да не осиромашиш; држи ги отворени очите свои, и ќе јадеш леб до наситување. 14#16,16„Лошо е, лошо е,“ вели купува­чот, а кога ќе одмине, тогаш се фали. 15#3,15Има злато и многу скапоцени камења, но разумната уста е поскапо­цена од сѐ. 16#6,1; 27,13Земи ја облеката негова, бидејќи се заложил за туѓ човек; и за туѓинка земи залог од него. 17#9,17Леб, спечален со неправда, му се засладува на човек; но подоцна – устата негова со песок се наполнува. 18#11,14; 15,22; 24,6Намерите добиваат цврстина пре­ку советување: дури по советувањето води војна. 19#11,13; 20,19; 25,9Кој оди да оговара, открива тајна, и кој широко ја отвора устата своја, со него не се здружувај. 20#13,9; 2 Мојс 21,17Кој зборува лошо за татко си и за мајка си, зениците на очите негови ќе згаснат среде длабока темнина. 21#28,20Наследство, што се добива уште во почетокот, набрзина, нема да биде благословено отпосле. 22#24,29; Мт 5,39; Рим 12,17; 1 Сол 5,15Не вели: „Ќе му се одмаздам на непријателот“, туку остави на Господ, Тој ќе ти помогне. 23#11,1; 20,10Двојни мерки се одвратност пред Господ; и неточни мерки не се добри пред Господ. 24#16,9Стапките на човекот се насочу­ваат од Господ; тогаш, како човекот може да го дознае патот свој? 25#29,20Стапица е за човекот набрзина да вети жртва, а по жртвата да се кае. 26#20,8Мудар цар ги распознава нечес­ните и го свртува врз нив тркалото. 27#6,23; 28,13; 1 Кор 2,10Господов светилник е човечкиот дух, кој ги испитува сите длабочини на срцето. 28#16,12; 29,14Милоста и вистината го запазуваат царот, и со милост тој го одр­жува прес­толот свој. 29#16,31Слава за младите е нивната сила, а украс за старците – е нивната бела коса. 30#17,10.26Раните од борбата се лек против злото, како и ударите, што стигнуваат до внатрешноста на утробата.

Селектирано:

Изреки 20: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се