Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 14:1-18

Изреки 14:1-18 MK2006

Мудрата жена си ја гради куќата, а глупавата ја урива со своите раце. Кој оди по прав пат, се плаши од Господ; на кого патиштата му се криви, тој Го презира (Господа). Во устата на безбожникот е кам­шикот на гордоста; а мудрите ги чува нивната уста. Каде што нема волови, амбарите се празни; а од силата на воловите има изобилно жито. Верен сведок не лаже, а лажливиот сведок шири многу лаги. Развратникот бара мудрост, и не ја наоѓа; а разумниот до знаењето лесно доаѓа. Бегај од безумен човек, кај него нема да најдеш разумна уста. Мудар човек внимава на своето однесување, неразумноста на глупавите ги води во заблуда. За глупавите гревот е шега, а со праведните е милоста Божја. Секој сам ги доживува своите таги и своите радости и никој друг не може со него да ги сподели. Куќата на беззакониците ќе се сотре, а живеалиштето на праведните ќе преуспее. Има патишта, кои на човек му изгледаат прави, но крајот нивни води во смрт. И при смеа понекогаш срцето боли, а по радоста настапува тага. Човек со развратно срце ќе ги добие плодовите на своето однесување, а добриот – ќе живее во задоволство. Неразумниот верува на секој збор, а благоразумниот е внимателен на своите чекори. Мудриот има страв и бега од злото, а неразумниот не се чува, бидејќи се чувствува безбеден. Избувливиот човек прави глупости, а пакосниот е омразен. Безумните глупост добиваат за на­града, а благоразумните се украсуваат со знаење.