Изреки 12
12
1 #
15,10
Кој ја сака поуката, го сака знаењето; а кој го мрази изобличувањето – неразумен е. 2#6,18; 8,35Добриот добива благодат од Господ, а на подмолниот Тој ќе му суди. 3#10,25Човек нема да се зацврсти со беззаконие; а коренот на праведните е неподвижен. 4#31,11; 1 Кор 11,7Добродетелна жена е венец за мажот свој, а онаа, што го срамоти, е како гнилеж во коските негови. 5#12,20Мислите на праведните се правда, а плановите на безбожниците – подмолност. 6#14,3Зборовите на нечестивите се заседа за пролевање крв, а устата на праведните ги спасува. 7#10,25; Мт 7,24-27Каде и да се свртат нечестивите – исчезнуваат, а домот на праведните останува. 8#16,22Човекот го фалат според разумот негов, а развратниот по срце ќе биде презрен. 9#25,16.27Подобро да си мал, но да работиш за себеси, отколку да се правиш големец, а да немаш леб. 10#27,23; 5 Мојс 25,4Праведникот се грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на безбожникот е жестоко. 11#28,19Кој ја обработува земјата своја, ќе се наситува со леб; а кој оди по стапките на безработниците, неразумен е. 12#10,32; 11,9; 21,10.26Желбата на грешникот е стапица од зло; но коренот на праведниците дава плод. 13#11,8; 18,7; 21,23Нечесниот се фаќа во мрежа преку гревовите на устата своја; но праведниот ќе се спаси од неа. 14#13,2; 18,20Од плодот на устата своја човекот се наситува со добро, и на човек му се дава според делата на неговите раце. 15#14,12; 16,2; 21,2Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша совет, тој е мудар. 16#19,11; 29,11Глупавиот веднаш ќе го покаже гневот свој, а благоразумниот ја смирува лутината своја. 17#6,19; 14,5Кој го кажува она што го знае, тој говори правда, а лажниот сведок говори измама. 18#11,9; 15,2Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите лекува. 19#10,31; 21,6Праведната уста вечно живее, а лажливиот јазик – само еден миг. 20#12,5Во срцето на оние што мислат зло, има подмолност, а кај миротворците – радост. 21#14,14Праведниот нема да го достаса никакво зло, а безбожниците ќе бидат преполни со зло. 22#6,17; 11,20Лажливата уста е одвратност пред Господ, а кој говори вистина, благоугоден Му е Нему. 23#13,16; 15,2Расудлив човек го прикрива знаењето свое, а срцето на глупавите го разгласува своето безумие. 24#10,4; 13,4; 22,7Раката на работливите ќе господари, а мрзливоста води во ропство. 25#15,13; 17,22Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува. 26#10,17; 19,27Праведниот му го покажува патот на ближниот свој, а патот на нечестивите ги води во заблуда. 27#10,4; 13,4Мрзливиот својот лов не го пече; а трудољубивоста е големо богатство. 28#11,19По патот на правдата има живот, и во нејзината патека нема смрт.
Селектирано:
Изреки 12: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006